37 А Оној, Кого Бог Го воскресна, не виде гниење.
38 И така, мажи браќа, знајте дека преку Овој ви се навестува простување на гревовите;
39 и од сè од што не можевте да се оправдате преку Мојсеевиот Закон, преку Него се оправдува секој, кој верува.
40 И така, гледајте да не дојде на вас, што е речено во пророците:
41 ’Видете, вие кои презирате, чудете се и исчезнете! Зашто Јас правам дело - во вашите денови - дело во кое нема да поверувате, ако некој би ви раскажувал.’
42 А кога излегуваа, ги молеа да им ги проповедаат овие зборови и во идната сабота.
43 Кога собирот се разотиде, многу Јудејци и прозелити, кои Го почитуваа Бога, појдоа по Павла и Варнава. Тие им зборуваа и ги наговоруваа да останат во Божјата благодат.