45 А кога Јудејците видоа множество, се исполнија со завист и со хулење говореа против Павловите зборови.
46 Тогаш Павле и Варнава им рекоа одлучно: „Требаше најнапред вам да ви се проповеда Божјото Слово; но бидејќи вие го отфрлате од себе и не се сметате достојни за вечниот живот, еве, ние им се обраќаме на народите,
47 зашто Господ ни заповеда така: ‘Те поставив за светлина на народите, да им бидеш спасение до крајот на земјата.’
48 Кога народите го чуја тоа, се радуваа и го славеа Господовото слово и поверуваа мнозина, кои беа определени за вечниот живот.
49 И Господовото слово се распространуваше по целата земја.
50 А Јудејците ги поттикнаа угледните и побожните жени и градските првенци, и подигнаа гонење против Павла и Варнава, и ги изгонија од своите предели.
51 Овие го истресоа правот од своите нозе против нив и дојдоа во Иконија.