8 Но им се спротивстави Елим маѓепсникот, - зашто така се преведува неговото име - настојувајќи да го одврати проконзулот од верата.
9 Тогаш Савле - кој се вика и Павле - исполнет со Светиот Дух, го насочи погледот кон него и рече:
10 ”О, ти полн со секакво лукавство и злоба, ѓаволски сине, непријателу на секоја праведност, нема ли да престанеш да ги искривуваш правите Господови патишта?!
11 И, еве, сега Господовата рака паѓа на тебе: ќе бидеш слеп и за некое време не ќе го гледаш сонцето!” И во истиот миг паднаа на него мрак и темнина; и тој одеше наоколу и бараше луѓе, кои ќе го водат.
12 Тогаш проконзулот, откако виде што стана, поверува, восхитувајќи и се на Господовата наука.
13 А Павле и неговите придружници отпловија од Пафос и дојдоа во Памфилиска Пергија. Тука Јован се оддели од нив и се врати во Ерусалим.
14 А тие заминаа од Пергија и дојдоа во Писидиска Антиохија; и влегоа во синагогата во саботен ден, и седнаа.