13 Тогаш Павле одговори: „Што правите? Зошто плачете и ми го кинете срцето? Јас сум готов не само да бидам врзан, туку и да умрам во Ерусалим за името на Господа Исуса.”
14 И бидејќи не можевме да наговориме, ние молкнавме и рековме: „Нека биде Господовата волја!”
15 По тие денови се приготвивме и отидовме горе во Ерусалим.
16 Со нас тргнаа и некои ученици од Ќесарија и нè одведоа при некој Мнасон, Кипарец, дамнашен ученик, за да бидеме негови гости.
17 Кога стигнавме во Ерусалим, браќата нè примија радосно.
18 На идниот ден Павле отиде со нас при Јакова, а сите старешини беа присутни.
19 И откако ги поздрави, им раскажа едно по едно сè што Бог, преку неговата служба, направи меѓу народите.