14 И бидејќи не можевме да наговориме, ние молкнавме и рековме: „Нека биде Господовата волја!”
15 По тие денови се приготвивме и отидовме горе во Ерусалим.
16 Со нас тргнаа и некои ученици од Ќесарија и нè одведоа при некој Мнасон, Кипарец, дамнашен ученик, за да бидеме негови гости.
17 Кога стигнавме во Ерусалим, браќата нè примија радосно.
18 На идниот ден Павле отиде со нас при Јакова, а сите старешини беа присутни.
19 И откако ги поздрави, им раскажа едно по едно сè што Бог, преку неговата служба, направи меѓу народите.
20 А кога го чуја тоа, Го прославија Бога и му рекоа: „Гледаш брате, колку илјади верни има меѓу Јудејците, и сите ревнуваат за Законот;