16 Со нас тргнаа и некои ученици од Ќесарија и нè одведоа при некој Мнасон, Кипарец, дамнашен ученик, за да бидеме негови гости.
17 Кога стигнавме во Ерусалим, браќата нè примија радосно.
18 На идниот ден Павле отиде со нас при Јакова, а сите старешини беа присутни.
19 И откако ги поздрави, им раскажа едно по едно сè што Бог, преку неговата служба, направи меѓу народите.
20 А кога го чуја тоа, Го прославија Бога и му рекоа: „Гледаш брате, колку илјади верни има меѓу Јудејците, и сите ревнуваат за Законот;
21 а за тебе се известени дека сите Јудејци, кои се меѓу народите, ги учиш да отстапат од Мојсеја, велејќи им да не ги обрезуваат своите деца, ниту да ги држат обичаите.
22 И така, што сега!? Бездруго ќе чујат дека си дошол.