Дела Ап. 21:19-25 MKB

19 И откако ги поздрави, им раскажа едно по едно сè што Бог, преку неговата служба, направи меѓу народите.

20 А кога го чуја тоа, Го прославија Бога и му рекоа: „Гледаш брате, колку илјади верни има меѓу Јудејците, и сите ревнуваат за Законот;

21 а за тебе се известени дека сите Јудејци, кои се меѓу народите, ги учиш да отстапат од Мојсеја, велејќи им да не ги обрезуваат своите деца, ниту да ги држат обичаите.

22 И така, што сега!? Бездруго ќе чујат дека си дошол.

23 Затоа направи како што ќе ти кажеме: меѓу нас има четири мажи, кои се заветувале;

24 земи ги и очисти се со нив и плати за нив да си ги истрижат главите. Така сите ќе научат дека нема ништо од она, што чуле за тебе, и дека и самиот го исполнуваш Законот.

25 А за народите, кои ја примиле верата, одлучивме и им пишавме: да се воздржуваат од жртвувано на идоли; и од крв, и од удавено, и од блудство.”