Дела Ап. 21:2-8 MKB

2 И кога најдовме кораб, што заминуваше за Феникија, влеговме во него, и отпловивме.

3 А кога ни се покажа Кипар, го оставивме одлево и отпловивме кон Сирија; и слеговме во Тир, зашто таму коработ требаше да се растовари.

4 И кога ги најдовме учениците, останавме таму седум дена. Тие, вдахновени од Духот, му зборуваа на Павла да не оди горе во Ерусалим.

5 И кога ги поминавме тие дни, отидовме оттаму и тргнавме натаму; а тие сите нè испратија со жените и децата, надвор од градот; а на брегот клекнавме и се помоливме.

6 И кога се простивме едни со други, ние влеговме во бродот, а тие се вратија во своите домови.

7 Завршувајќи го пловењето, од Тир стигнавме во Птолемаида, каде ги поздравивме браќата и останавме при нив еден ден.

8 А на идниот ден отпатувавме и дојдовме во Ќесарија и влеговме во куќата на евангелистот Филип, кој беше еден од седуммината, и останавме при него.