Дела Ап. 21:27-33 MKB

27 А кога седумте денови требаше да се свршат, Јудејците од Азија го забележаа во Храмот, го побунија целиот народ и ги ставија рацете на него,

28 викајќи: „Израелци, помагајте! Овој е човекот, кој насекаде ги учи сите против народот, против Законот и против ова место! Освен тоа ги воведе и Грците во Храмот и така го онечисти ова свето место!”

29 Имено, тие го видоа порано во градот со него Ефесецот Трофим и мислеа дека Павле го воведе во Храмот.

30 И целиот град се разбранува и народот се собра, го фатија Павла и го извлекоа надвор од Храмот, а веднаш ја затворија вратата.

31 И кога сакаа да го убијат, дојде глас до заповедникот на четата, дека целиот Ерусалим е во врева.

32 И тој веднаш зеде војници и стотници и дотрча до нив. Тие пак кога ги видоа заповедникот и војниците прекратија да го тепат Павла.

33 Тогаш заповедникот му се приближи, го фати и заповеда да го врзат во двојни вериги; и распрашуваше кој е и што направил.