Дела Ап. 21:7-13 MKB

7 Завршувајќи го пловењето, од Тир стигнавме во Птолемаида, каде ги поздравивме браќата и останавме при нив еден ден.

8 А на идниот ден отпатувавме и дојдовме во Ќесарија и влеговме во куќата на евангелистот Филип, кој беше еден од седуммината, и останавме при него.

9 Тој имаше четири ќерки девици, кои пророкуваа.

10 Бидејќи престојувавме таму многу дни, еден пророк, по име Агав, дојде од Јудеја.

11 И кога дојде при нас го зеде Павловиот појас, си ги врза рацете и нозете, и рече: „Светиот Дух го вели ова: ‘Човекот, чиј е овој појас, Јудејците, во Ерусалим, така ќе го врзат и ќе го предадат во рацете на народите’.”

12 Кога го чувме тоа, и ние и тамошните жители го молевме да не оди горе во Ерусалим.

13 Тогаш Павле одговори: „Што правите? Зошто плачете и ми го кинете срцето? Јас сум готов не само да бидам врзан, туку и да умрам во Ерусалим за името на Господа Исуса.”