1 А Павле погледна кон Синедрионот и рече: „Мажи браќа, јас живеев со наполно чиста совест пред Бога до овој ден.”
2 Тогаш првосвештеникот Ананиј им нареди на оние, кои стоеја до него, да го удрат по устата.
3 Тогаш Павле му рече: „Бог ќе те удри тебе, варосан ѕиду! И ти седиш за да ми судиш според Законот, а заповедаш да ме бијат против Законот!”
4 А оние, кои стоеја наоколу рекоа: „Божјиот првосвештеник ли го хулиш?”
5 И Павле рече: „Не знаев, браќа, дека е првосвештеник; зашто е напишано: „Не зборувај лошо за началникот на својот народ!”