2 Тогаш првосвештеникот Ананиј им нареди на оние, кои стоеја до него, да го удрат по устата.
3 Тогаш Павле му рече: „Бог ќе те удри тебе, варосан ѕиду! И ти седиш за да ми судиш според Законот, а заповедаш да ме бијат против Законот!”
4 А оние, кои стоеја наоколу рекоа: „Божјиот првосвештеник ли го хулиш?”
5 И Павле рече: „Не знаев, браќа, дека е првосвештеник; зашто е напишано: „Не зборувај лошо за началникот на својот народ!”
6 Бидејќи Павле знаеше дека едниот дел се садукеи, а другиот фарисеи, извика во Синедрионот: „Мажи браќа, јас сум фарисеј, син фарисеев; ме судат заради надежта во воскресението на мртвите.”
7 И кога го рече тоа, настана расправа меѓу фарисеите и садукеите, и собирот се раздели;
8 зашто садукеите велат дека нема воскресение, ни ангели, ни дух, а фарисеите ги признаваат и двете.