21 Но немој да ги послушаш, зашто го дебнат повеќе од четириесет нивни луѓе, кои се заколнаа, да не јадат ниту да пијат додека не го убијат. И сега се подготвени, само го чекаат твоето ветување.”
22 Тогаш заповедникот го пушти момчето и му нареди: „Не кажувај никому, дека ми го јави ова.”
23 И повика двајца од стотниците и рече: „Пригответе двеста војници, седумдесет коњаници и двеста стрелци, за да тргнат за Ќесарија во третиот час на ноќта.
24 Пригответе и добиток, за да го качат Павла и да го одведат безбедно до управителот Феликс!”
25 И напиша писмо со следнава содржина:
26 ”Клаудиј Лисиј до угледниот управител Феликс - поздрав!
27 Овој маж го фатија Јудејците и сакаа да го убијат; јас дојдов со војската и го извлеков, кога научив дека е Римјанин.