23 И повика двајца од стотниците и рече: „Пригответе двеста војници, седумдесет коњаници и двеста стрелци, за да тргнат за Ќесарија во третиот час на ноќта.
24 Пригответе и добиток, за да го качат Павла и да го одведат безбедно до управителот Феликс!”
25 И напиша писмо со следнава содржина:
26 ”Клаудиј Лисиј до угледниот управител Феликс - поздрав!
27 Овој маж го фатија Јудејците и сакаа да го убијат; јас дојдов со војската и го извлеков, кога научив дека е Римјанин.
28 Сакајќи да ја научам причината за која го обвинуваат, го доведов долу во нивниот Синедрион.
29 И најдов дека го обвинуваат заради спорни прашања на нивниот Закон, но дека нема никаква вина, која заслужува смрт или окови.