30 А кога ме известија дека се подготвува напад против овој човек, веднаш го испратив при тебе и обвинителите ги упатив да кажат, пред тебе, што имаат против него. Биди здрав!”
31 Тогаш војниците го зедоа Павла, според дадената им заповед, и го одведоа ноќе во Антипатрида;
32 а утреден ги оставија коњаниците да одат со него, а тие се вратија во тврдината.
33 А кога влегоа во Ќесарија, му го врачија писмото на управителот и му го претставија и Павла.
34 А кога го прочита писмото, го праша од која област е, и научи дека е од Киликија;
35 му рече: „Ќе те ислушам кога ќе дојдат и твоите обвинители. „ И заповеда да го чуваат во Иродовата преторија.