8 зашто садукеите велат дека нема воскресение, ни ангели, ни дух, а фарисеите ги признаваат и двете.
9 Така настана голема врева. И некои книжевници од фарисејската странка станаа и се препираа, велејќи: „Не наоѓаме никакво зло во овој човек, и ако му зборувал дух или ангел, тогаш да не му се противиме на Бога.”
10 И бидејќи расправата стана голема, заповедникот се исплаши да не го раскинат Павла, и заповеда на војската да слезе и да го грабне од нивна средина, и да го одведат во тврдината.
11 Идната ноќ Господ застана пред него и му рече: „Не бој се, Павле! Секако, како што сведочеше за Мене во Ерусалим, така треба да сведочиш и во Рим.”
12 И кога се раздени Јудејците се собраа и се заколнаа, дека не ќе јадат ниту ќе пијат додека не го убијат Павла.
13 Беа повеќе од четириесет, кои ја дадоа таа заклетва.
14 Тие дојдоа при првосвештениците и старешините и им рекоа: „Се заколнавме со заклетва, дека нема да вкусиме ништо додека не го убиеме Павла.