1 А по пет дена првосвештеникот Ананиј слезе со неколку старешини и со некој си говорник Тертил, и истапија пред управителот против Павла.
2 И кога го повикаа, Тертил почна да го обвинува, велејќи:
3 ”Голем мир уживаме благодарејќи тебе и со твојата грижливост многу нешта се поправија во народов; тоа, ние, честити Феликсе, со секаква благодарност го признаваме на секој начин и на секое место;
4 но, за да не те задржувам повеќе, те молам да нè ислушаш накратко со твојата благост.
5 Еве, најдовме дека овој човек е зараза, дека предизвикува препирки меѓу сите Јудејци по целиот свет и дека е водач на назарејската секта.