11 Ти самиот можеш да дознаеш дека нема повеќе од дванаесет дена, откако отидов горе во Ерусалим, на поклонение,
12 и не ме најдоа ни во Храмот, ни во синагогите, ниту во градот да са расправам со некого или да го бунам народот,
13 а не можат ни тебе да ти го докажат она заради што ме обвинуваат сега.
14 Но тебе ти признавам: дека според Патот, кого тие го наречуваат ерес, така Му служам на Бога на нашите татковци, верувајќи во сè што е напишано во Законот и Пророците,
15 и дека се надевам во Бога, како и овие сами, дека ќе има воскресение на праведните и неправедните.
16 Затоа и самиот се трудам секогаш да имам чиста совест и пред Бога и пред луѓето.
17 По многу години дојдов да му донесам милостина на својот народ и да принесам жртви,