14 Но тебе ти признавам: дека според Патот, кого тие го наречуваат ерес, така Му служам на Бога на нашите татковци, верувајќи во сè што е напишано во Законот и Пророците,
15 и дека се надевам во Бога, како и овие сами, дека ќе има воскресение на праведните и неправедните.
16 Затоа и самиот се трудам секогаш да имам чиста совест и пред Бога и пред луѓето.
17 По многу години дојдов да му донесам милостина на својот народ и да принесам жртви,
18 при што ме најдоа, очистен во Храмот, не со народ и не со врева. И некои Јудејци од Азија,
19 кои требаа да излезат пред тебе и да ме обвинат, ако имаа нешто против мене.
20 Или овие сами нека кажат каква неправда најдоа на мене, кога стоев пред Синедрионот,