15 и дека се надевам во Бога, како и овие сами, дека ќе има воскресение на праведните и неправедните.
16 Затоа и самиот се трудам секогаш да имам чиста совест и пред Бога и пред луѓето.
17 По многу години дојдов да му донесам милостина на својот народ и да принесам жртви,
18 при што ме најдоа, очистен во Храмот, не со народ и не со врева. И некои Јудејци од Азија,
19 кои требаа да излезат пред тебе и да ме обвинат, ако имаа нешто против мене.
20 Или овие сами нека кажат каква неправда најдоа на мене, кога стоев пред Синедрионот,
21 освен ако се работи за овој еден збор што го реков гласно, стоејќи меѓу нив: ‘заради воскресението на мртвите ме судите денес!’”