4 но, за да не те задржувам повеќе, те молам да нè ислушаш накратко со твојата благост.
5 Еве, најдовме дека овој човек е зараза, дека предизвикува препирки меѓу сите Јудејци по целиот свет и дека е водач на назарејската секта.
6 И се обиде да го оскверни и Храмот, и ние го фативме и сакавме да му судиме според нашиот Закон,
7 но дојде заповедникот Лисиј, со голема сила, и го грабна од нашите раце,
8 и заповеда неговите обвинители да дојдат при тебе. Ако го испиташ самиот, ќе можеш да узнаеш од него, сè за што ние го обвинуваме.”
9 А Јудејците потврдија дека е така.
10 А кога управителот му даде знак да зборува, Павле одговори: „Бидејќи знам дека многу години си му судија на народов, јас, на драго срце, ќе зборувам во своја одбрана.