1 А кога Фест ја зеде власта над покраината, по три дни, од Ќесарија отиде горе во Ерусалим,
2 каде свештеничките главатари и јудејските првенци истапија пред него против Павла, и го молеа,
3 барајќи услуга против него, за да го спроведе во Ерусалим; поставувајќи заседа за да го убијат на пат.
4 Но, Фест во одговор рече дека Павле се пази во Ќесарија, каде и тој самиот скоро ќе отиде.