Дела Ап. 25:11-17 MKB

11 Ако сум пак виновен, или ако направив нешто што заслужува смрт; не бегам од смртта. Но, ако нема ништо од она за што овие ме обвинуваат, никој не може да ме предаде на нив, за да им угоди. Се повикувам на ќесарот.”

12 Тогаш Фест поразговара со својот совет и одговори: „Се повика на ќесарот, при ќесарот ќе одиш.”

13 Кога поминаа неколку денови, царот Агрипа и Верникија дојдоа во Ќесарија, за да го поздрават Феста.

14 И бидејќи таму се задржаа повеќе денови, Фест го изнесе пред царот Павловото дело: „Феликс остави еден човек во окови,

15 против кого - кога бев во Ерусалим - истапија свештеничките главатари и јудејските старешини и бараа да го осудам.

16 Јас им одговорив дека Римјаните немаат обичај да предадат некого, пред обвинетиот да се соочи со своите обвинители, и да добие прилика да се брани од обвинението.

17 И така, кога тие дојдоа тука заедно, јас на другиот ден - без никакво одлагање - седнав на судиската столица и заповедав да го доведат човекот.