Дела Ап. 25:12-18 MKB

12 Тогаш Фест поразговара со својот совет и одговори: „Се повика на ќесарот, при ќесарот ќе одиш.”

13 Кога поминаа неколку денови, царот Агрипа и Верникија дојдоа во Ќесарија, за да го поздрават Феста.

14 И бидејќи таму се задржаа повеќе денови, Фест го изнесе пред царот Павловото дело: „Феликс остави еден човек во окови,

15 против кого - кога бев во Ерусалим - истапија свештеничките главатари и јудејските старешини и бараа да го осудам.

16 Јас им одговорив дека Римјаните немаат обичај да предадат некого, пред обвинетиот да се соочи со своите обвинители, и да добие прилика да се брани од обвинението.

17 И така, кога тие дојдоа тука заедно, јас на другиот ден - без никакво одлагање - седнав на судиската столица и заповедав да го доведат човекот.

18 Но обвинителите, кои стоеја околу него, не го обвинија ниту за едно зло дело, за кое претполагав,