Дела Ап. 25:21-27 MKB

21 Но, бидејќи Павле се повика на Августа, за да биде запазен до неговата одлука; заповедав да го чуваат додека не го испратам при ќесарот.”

22 Тогаш Агрипа му рече на Феста: „И јас би сакал да го ислушам тој човек.” И тој рече: „Утре ќе го чуеш.”

23 И така, утредента, кога Агрипа и Верникија дојдоа со голем блесок и влегоа во судницата, заедно со илјадниците и со најугледните луѓе во градот; по Фестова заповед го доведоа Павла,

24 и тогаш Фест рече: „Царе Агрипа и сите вие мажи, кои сте тука! Гледајте го овој, заради кого целото множество Јудејци навалија врз мене во Ерусалим и тука, викајќи дека не треба повеќе да живее.

25 Но, јас најдов дека не направил ништо што заслужува смрт; и бидејќи тој самиот се повика на Августа, решив да го испратам.

26 За него немам ништо веродостојно да му напишам на господарот; затоа го изведов пред вас, царе Агрипа, за да имам што да напишам по испитувањето.

27 Зашто ми се чини неразумно да биде испратен окован човек, а да не бидат соопштени обвиненијата против него.”