1 И кога се спасивме, дознавме дека островот се вика Малта.
2 А домородците ни укажаа необично човекољубие; запалија оган и нè примија сите, заради дождот што паѓаше и заради студот.
3 А кога Павле собра многу гранки и ги стави на огнот, излезе змија, натерана од горештината, и му се фати за раката.
4 Домородците, кога видоа дека животното му виси на раката, си велеа еден на друг: „Овој човек секако е убиец: кој се спасил од морето, но и правдата не го остава да живее.”
5 Но тој ја истресе змијата во огнот и не му стана ништо лошо.
6 А тие чекаа дека ќе отече или одненадеж да падне мртов. Откако чекаа долго, видоа дека не му се случи никакво зло, го сменија своето мнение и рекоа дека е бог.