10 Тие ни искажаа и многу почести, а при заминувањето нè снабдија со сè што ни беше потребно.
11 По три месеци отпловивме со еден александриски брод, што беше презимувал на островот и ги имаше Диоскурите како знак.
12 И кога стигнавме во Сиракуза и останавме таму три дни,
13 а оттаму пловејќи заобиколивме и стигнавме во Ригија; и кога по еден ден дувна јужниот ветер, дојдовме на идниот ден во Потиоли,
14 каде најдовме браќа, кои нè замолија да останеме при нив седум дена. И така тргнавме за Рим;
15 откако браќата, чуја за нас, ни излегоа во пресрет до Апиевата Ширина и до Трите Крчми. Кога Павле ги виде Му благодари на Бога и се охрабри.
16 Штом влеговме во Рим, на Павла му беше дозволено да живее одделно, заедно со војникот, кој го чуваше.