Дела Ап. 28:17-23 MKB

17 А по три дни, Павле ги повика јудејските првенци и кога се собраа, им рече: „Мажи браќа, иако не направив ништо против својот народ ни против татковските обичаи, мене сепак во Ерусалим ме предадоа окован во рацете на Римјаните,

18 кои кога ме испитаа, сакаа да ме пуштат, зашто во мене немаше никаква вина, што би заслужувала смрт.

19 Но бидејќи Јудејците му се спротивија на тоа, бев принуден да се повикам на ќесарот но не дека имав нешто за да го обвинам својот народ.

20 Ете, затоа ве замолив да дојдете, да ве видам и да ви позборувам, зашто заради Израелевата надеж сум окован во овие вериги.”

21 А тие му рекоа: „Ние не примивме никакво писмо за тебе од Јудеја ниту ни дојде некој од браќата да нè извести или да рече нешто лошо за тебе.

22 Но сакаме да чуеме од тебе што мислиш, зашто ни е познато дека насекаде зборуваат против оваа ерес.”

23 И така му определија еден ден и дојдоа при него мнозина од нив, во станот. И од утро до вечер, тој им излагаше за Божјото Царство со докази и ги уверуваше за Исуса и од Мојсеевиот Закон и од Пророците.