Дела Ап. 28:22-28 MKB

22 Но сакаме да чуеме од тебе што мислиш, зашто ни е познато дека насекаде зборуваат против оваа ерес.”

23 И така му определија еден ден и дојдоа при него мнозина од нив, во станот. И од утро до вечер, тој им излагаше за Божјото Царство со докази и ги уверуваше за Исуса и од Мојсеевиот Закон и од Пророците.

24 И едни поверуваа во тоа што зборуваше, а другите не веруваа.

25 Бидејќи беа несложни меѓу себе, почнаа да се разотидуваат, откако Павле им рече уште еден збор: „Добро им кажа Светиот Дух на вашите татковци, преку пророкот Исаија,

26 велејќи: ‘Оди при овој народ и кажи му: ќе слушате и не ќе разбирате; ќе гледате и нема да видите;

27 зашто закораве срцето на овој народ и со ушите тешко слушаат; а своите очи ги затворија, за да не гледаат со очите и да не слушаат со ушите; и да не разбираат со срцето; и да не се обратат и да не ги исцелам.’

28 Затоа, да знаете дека ова Божјо спасение им е испратено на народите, и тие ќе го чујат!”