24 И едни поверуваа во тоа што зборуваше, а другите не веруваа.
25 Бидејќи беа несложни меѓу себе, почнаа да се разотидуваат, откако Павле им рече уште еден збор: „Добро им кажа Светиот Дух на вашите татковци, преку пророкот Исаија,
26 велејќи: ‘Оди при овој народ и кажи му: ќе слушате и не ќе разбирате; ќе гледате и нема да видите;
27 зашто закораве срцето на овој народ и со ушите тешко слушаат; а своите очи ги затворија, за да не гледаат со очите и да не слушаат со ушите; и да не разбираат со срцето; и да не се обратат и да не ги исцелам.’
28 Затоа, да знаете дека ова Божјо спасение им е испратено на народите, и тие ќе го чујат!”
29 Кога го рече тоа, Јудејците си отидоа, препирајќи се многу меѓу себе.
30 А тој остана цели две години во својот стан, под наем, и ги примаше сите, кои му доаѓаа;