8 И се случи Поплиевиот татко да лежи болен од треска и болки во желудникот. Павле влезе при него, се помоли, ги положи рацете на него и се исцели.
9 По тој настан и други болни од островото доаѓаа и се исцелуваа.
10 Тие ни искажаа и многу почести, а при заминувањето нè снабдија со сè што ни беше потребно.
11 По три месеци отпловивме со еден александриски брод, што беше презимувал на островот и ги имаше Диоскурите како знак.
12 И кога стигнавме во Сиракуза и останавме таму три дни,
13 а оттаму пловејќи заобиколивме и стигнавме во Ригија; и кога по еден ден дувна јужниот ветер, дојдовме на идниот ден во Потиоли,
14 каде најдовме браќа, кои нè замолија да останеме при нив седум дена. И така тргнавме за Рим;