Дела Ап. 3:16-22 MKB

16 И затоа што веруваме во Неговото име, - Неговото име го зацврсти овој, кого го гледате и познавате. А верата до која доаѓаме преку Него, му даде целосно здравје пред сите вас.

17 И сега браќа, знам дека вие како и вашите началници, го направивте тоа од незнаење.

18 Но, Бог на тој начин го исполни тоа, што го навестуваше однапред, преку устата на сите пророци: дека Неговиот Христос ќе пострада.

19 Затоа, покајте се и обратете се, за да ви бидат избришани гревовите, за да дојдат, од лицето на Господа времиња на освежување,

20 и да Го испрати Претскажаниот за вас Исуса Христа,

21 Кого небото треба да Го прими до времето, кога ќе биде воспоставено сè, за кое Бог зборуваше од древноста преку устата на Своите свети пророци.

22 Зашто Мојсеј рекол: „Господ Бог ќе ви издигне од вашите браќа Пророк - како мене, слушајте Го Него во сè што ќе ви рече!