Дела Ап. 3:9-15 MKB

9 Така целиот народ го виде како оди и Го фали Бога.

10 И го препознаа дека е тоа оној, кој седеше пред Красната Врата на Храмот поради милостина, и се исполнија со восхит и беа вон себе заради она, што му се случи.

11 А бидејќи тој се држеше за Петар и Јован, сиот зачуден народ се собра околу нив во тремот наречен Соломонов.

12 А кога Петар го виде тоа, му проговори на народот: „Мажи Израелци, зошто се чудите на ова или зошто гледате на нас, како ние со своја сила или побожност направивме овој да оди?

13 Бог Авраамов, Исаков и Јаковов, Бог на нашите татковци, Го прослави Својот Син Исуса, Кого вие Го предадовте и од Кого се одрековте пред Пилата, кога тој одлучи да Го ослободи.

14 Вие се одрековте од Светецот и Праведникот, и молевте да ви се подари еден убиец,

15 а Го убивте Зачетникот на животот, Кого Бог Го воскресна од мртвите, за што сме ние сведоци.