1 Додека тие уште му зборуваа на народот, пристапија при нив свештениците, и управителот на Храмот и садукеите,
2 вознемирени поради тоа што го поучуваат народот и проповедаат воскресение на мртвите во Исуса.
3 И ставија раце врз нив и ги фрлија во темницата, до идниот ден, зашто веќе беше вечер.
4 А мнозина од оние, кои го чуја словото, поверуваа, така што бројот на мажите се зголеми до пет илјади.
5 А утреден се собраа во Ерусалим нивните началници, старешините и книжниците,
6 и првосвештеникот Ана, и Кајафа, и Јован, и Александар, и колку што ги имаше од првосвештеничкиот род.
7 И кога ги поставија на средина ги прашаа: „Со каква сила, или во чие име, го направивте тоа?”