14 но го гледаа исцелениот човек, како стои со нив, па немаа што да им приговорат.
15 Им наредија да излезат од Синедрионот и почнаа да се советуваат меѓу себе: „Што да правиме со овие луѓе?
16 Зашто на сите жители на Ерусалим им е познато дека значајно чудо се случи преку нив, а ние не можеме да го одречеме.
17 Но за да не се разгласи и натаму по народот, да им се заканиме, да не му зборуваат веќе никому во тоа име!”
18 Тогаш ги повикаа внатре и им заповедаа воопшто да не зборуваат, ниту да поучуваат во Исусово име.
19 Но Петар и Јован им рекоа во одговор: „Право ли е пред Бога, да ве слушаме вас повеќе отколку Бога! Судете!
20 Зашто, ние не можеме да не зборуваме за она, што сме го виделе и чуле.”