17 Но за да не се разгласи и натаму по народот, да им се заканиме, да не му зборуваат веќе никому во тоа име!”
18 Тогаш ги повикаа внатре и им заповедаа воопшто да не зборуваат, ниту да поучуваат во Исусово име.
19 Но Петар и Јован им рекоа во одговор: „Право ли е пред Бога, да ве слушаме вас повеќе отколку Бога! Судете!
20 Зашто, ние не можеме да не зборуваме за она, што сме го виделе и чуле.”
21 И бидејќи не најдоа пат и начин како да ги казнат, им се заканија уште еднаш и ги пуштија поради народот, зашто сите Го славеа Бога, за она што се случи.
22 Човекот, над кого се случи ова чудо на исцелување, имаше повеќе од четириесет години.
23 Штом беа пуштени на слобода, дојдоа при своите и им кажаа сè што им рекоа свештеничките главатари и старешините.