22 Човекот, над кого се случи ова чудо на исцелување, имаше повеќе од четириесет години.
23 Штом беа пуштени на слобода, дојдоа при своите и им кажаа сè што им рекоа свештеничките главатари и старешините.
24 А тие, кога го чуја тоа, еднодушно го подигнаа гласот кон Бога и рекоа: „Господаре! Ти си Бог Кој ги создаде небото и земјата, морето и сè што се наоѓа во нив!
25 Ти, преку Светиот Дух, со устата на Својот слуга Давид рече: ‘Зошто се бунат народите, и зошто племињата замислуваат празни работи?
26 Се дигнаа земските цареви, а кнезовите се здружија против Господа и против Неговиот Помазаник - Христос.’
27 Навистина се здружија во овој град Ирод и Понтие Пилат, заедно со народите и со израелските племиња, против Твоето Свето Дете Исус, Кого си Го помазал,
28 за да го направат она што Твојата сила и Твојата волја, однапред, го определила да се збидне.