30 протегнувајќи ја при тоа Твојата рака, за да стануваат исцелувања и знаци, и чудеса, преку името на Твоето Свето Дете Исус!”
31 А кога се помолија, се стресе местото каде што беа собрани. И сите се исполнија со Светиот Дух и смело го проповедаа Божјото Слово.
32 А множеството на оние, кои поверуваа, имаше едно срце и една душа, и никој не велеше дека нешто од неговиот имот е негово, туку сè им беше општо.
33 Апостолите сведочеа многу силно за воскресението на Господа Исуса и голема благодат беше над сите нив.
34 И никој меѓу нив не беше во скудност, зашто сите, кои имаа ниви и куќи, ги продаваа, а цената на продаденото ја донесуваа и ја ставаа пред нозете на апостолите.
35 И секому му се даваше колку кому му беше потребно.
36 А Јосиф кого апостолите го нарекоа Варнава - што значи Син на утехата - левит, родум од Кипар