10 и го избави од сите негови неволји и му даде благодат и мудрост пред фараонот, египетскиот цар, кој го постави за управител на Египет и над целиот свој дом.
11 Тогаш настана глад и голема беда во целиот Египет и Ханаан, и нашите татковци не можеа да најдат храна.
12 А кога Јаков чу дека има жито во Египет, ги испрати таму нашите татковци за првпат.
13 Кога дојдоа по вторпат, Јосиф им се откри на своите браќа, и Фараонот научи за Јосифовото потекло.
14 Тогаш Јосиф испрати и го повика татка си Јакова и целиот род - седумдесет и пет души.
15 И така Јаков слезе во Египет, каде умре, тој и нашите татковци.
16 И го пренесоа во Сихем и го положија во гробот, што Авраам го беше купил за сребро во Сихем, од Еморовите синови.”