13 Кога дојдоа по вторпат, Јосиф им се откри на своите браќа, и Фараонот научи за Јосифовото потекло.
14 Тогаш Јосиф испрати и го повика татка си Јакова и целиот род - седумдесет и пет души.
15 И така Јаков слезе во Египет, каде умре, тој и нашите татковци.
16 И го пренесоа во Сихем и го положија во гробот, што Авраам го беше купил за сребро во Сихем, од Еморовите синови.”
17 „Колку повеќе се приближуваше ветеното време, за кое Бог му се заколна на Авраама, толку повеќе народот се зголемуваше и се намножи во Египет,
18 додека во Египет не завладеа нов цар, кој не знаеше за Јосифа.
19 Тој постапуваше лукаво со нашиот народ, и ги измачуваше нашите татковци, присилувајќи ги да ги фрлаат своите деца, за да не останат живи.