19 Тој постапуваше лукаво со нашиот народ, и ги измачуваше нашите татковци, присилувајќи ги да ги фрлаат своите деца, за да не останат живи.
20 Во тоа време се роди Мојсеј, кој му беше мил на Бога. Три месеци го одгледуваа во татковиот дом,
21 а кога го напуштија, го зеде фараоновата ќерка и си го одгледа за син.
22 И Мојсеј ја изучи целата египетска мудрост, и беше силен во своите зборови и дела.
23 А кога наврши четириесет години, му дојде на ум да ги посети своите браќа - синовите Израелеви.
24 И кога виде како еден страда неправедно, го одбрани и го одмазди угнетуваниот, убивајќи го Египтјаниот;
25 мислејќи дека неговите браќа ќе разберат дека Бог, преку неговата рака, им дава избавување, но тие не разбраа.