26 А на идниот ден дојде меѓу нив додека се тепаа и се обиде да ги смири, велејќи: „Луѓе, вие сте браќа! Зошто правите неправда еден на друг?”
27 Но оној, кој му правеше неправда на својот ближен го турна и рече: „Кој те постави тебе за началник и за судија над нас?
28 Сакаш ли и мене да ме убиеш, како што го уби Египтјанинот; вчера?”
29 Заради тој збор Мојсеј избега и стана придојденик во Мадијамската земја, каде му се родија два сина.”
30 Кога поминаа четириесет години, му се јави ангел во пустината на Синајската Гора, во пламенот на запалена капина.
31 Кога Мојсеј го виде тоа, се зачуди на глетката, а кога се приближуваше, за да разгледа, се чу гласот Господов:
32 ’Јас Сум Бог на твоите татковци: Бог Авраамов, Исаков, и Јаковов.’ Мојсеј се растрепери и не се осмели да погледа.