Дела Ап. 7:29-35 MKB

29 Заради тој збор Мојсеј избега и стана придојденик во Мадијамската земја, каде му се родија два сина.”

30 Кога поминаа четириесет години, му се јави ангел во пустината на Синајската Гора, во пламенот на запалена капина.

31 Кога Мојсеј го виде тоа, се зачуди на глетката, а кога се приближуваше, за да разгледа, се чу гласот Господов:

32 ’Јас Сум Бог на твоите татковци: Бог Авраамов, Исаков, и Јаковов.’ Мојсеј се растрепери и не се осмели да погледа.

33 Тогаш Господ му рече: ‘Собуј ги обувките од своите нозе, зашто местото на кое стоиш е света земја!

34 Навистина го видов измачувањето на Мојот народ во Египет и го чув неговото воздивнување, и слегов да го избавам. И сега дојди да те испратам во Египет!’

35 ”Овој Мојсеј, од кого се откажаа со зборовите: ‘Кој те постави тебе за началник и за судија?’ - Бог него го испрати, преку ангелот, кој му се јави во капината, за началник и за избавител.