54 Кога го чуја тоа, многу се налутија во своите срца и чкртаа со забите на него.
55 А тој, полн со Светиот Дух, погледна на небото ја виде Божјата Слава и Исуса, како стои оддесно на Бога
56 и рече: „Еве, ги гледам отворени небесата и Човечкиот Син како стои оддесно на Бога.”
57 Тогаш извикаа со силен глас, ги затнаа своите уши и се нафрлија еднодушно на него.
58 И го исфрлија од градот и фрлаа камења на него. А сведоците ги оставија своите облеки до нозете на едно момче, кое се викаше Савле.
59 И фрлаа камења на Стефана, кој повикуваше, велејќи: „Господи Исусе, прими го мојот дух!”
60 Тогаш падна на колена и извика со силен глас: „Господи, не земај им го ова за грев!” И кога го рече тоа - заспа.