1 Во оној ден стана и големо гонење против црквата во Ерусалим; и сите, освен апостолите се распрснаа по краиштата на Јудеја и Самарија.
2 А побожни луѓе го погребаа Стефана и направија голем плач над него.
3 Савле пак ја запустуваше црквата, влегувајќи во куќите, извлекуваше мажи и жени и ги предаваше во темница.
4 Оние кои беа распрснати одеа, проповедувајќи го Словото.
5 Така, Филип дојде во главниот град на Самарија и им го проповедаше Христа.
6 И народот еднодушно внимаваше на Филиповите зборови; и ги слушаше и ги гледаше чудата, што ги правеше.
7 Зашто нечистите духови излегуваа со голема викотница, а мнозина фатени и хроми беа исцелени.