24 А Симон во одговор рече: „Молете Му се вие на Господа за мене, за да не ме најде ништо од она што рековте!”
25 Тие пак, откако посведочија и го кажаа Господовото слово, се вратија во Ерусалим, проповедувајќи им го Евангелието на многу самариски села.
26 И Господов ангел му рече на Филипа: „Стани и оди кон југ, по патот што се спушта од Ерусалим кон Газа, и тој е пуст.
27 Тој стана и отиде. И ете, маж Етиопец - скопеник, дворјанин на етиопската царица Кандакија, кој беше одговорен над целата и ризница, а беше дошол во Ерусалим да се поклони,
28 и на враќање, седеше во својата кола и го читаше пророкот Исаија.
29 А Духот му рече на Филипа: „Приближи се и придружувај ја колата!”
30 Кога Филип притрча и чу дека оној го чита пророкот Исаија, и рече: „Го разбираш ли тоа, што го читаш?”