1 А Савле, кој сè уште дишеше со закана и убиство против Господовите ученици, отиде при првосвештеникот,
2 и измоли од него писма до синагогите во Дамаск; ако најде таму некои следбеници на овој Пат, мажи и жени, да ги доведе врзани во Ерусалим.
3 Кога на својот пат му се приближи на Дамаск, одненадеж го осветли светлина од небото;
4 и падна на земјата и чу глас, кој му рече: „Савле, Савле, зошто Ме гониш?”
5 А тој рече: „Кој си Ти, Господине?” А Тој рече: „Јас Сум Исус, Кого ти Го гониш. Тешко е за тебе да се риташ против бодило!”
6 Тресејќи се од страв и ужас, тој праша: „Господи што сакаш да направам?” А Господ му рече: „Стани и влези во градот, и ќе ти се каже, што треба да правиш!”