14 И тука има власт од свештеничките главатари да ги врзе сите оние, кои го повикуваат Твоето име.”
15 А Господ му рече: „Оди, зашто тој човек е Мој избран сад, за да го изнесе Моето име пред народите, и пред царевите, и пред Израелевите синови;
16 Јас ќе му покажам колку треба да пострада за Моето име.”
17 И Ананиј отиде, и влезе во куќата и ги положи рацете на него и рече: „Брате Савле, Господ Исус, Кој ти се јави на патот по кој доаѓаше, ме испрати за да прогледаш и да се исполниш со Светиот Дух.”
18 И веднаш паднаа од неговите очи како лушпи и тој прогледа; стана и беше крстен;
19 и прими храна, и закрепна. Неколку дена Савле помина со учениците, кои беа во Дамаск.
20 И веднаш Го проповедаше Исуса по синагогите, дека е Тој Божји Син.