Дела Ап. 9:21-27 MKB

21 А сите кои го слушаа, се восхитуваа и велеа: „Не е ли овој, кој во Ерусалим ги истреби оние, кои го повикуваа ова Име, и зар не дојде ваму, за да ги поведе врзани пред свештеничките главатари?”

22 Но Савле беше сè посилен и ги збунуваше Јудејците, кои живееја во Дамаск, докажувајќи дека Овој Исус е Месија - Помазаник.

23 И кога минаа многу дни, Јудејците се одлучија да го убијат.

24 Но Павле узна за нивниот заговор. А тие ги чуваа градските врати, дење и ноќе, за да го убијат.

25 Но учениците го зедоа и го спуштија ноќе во кошница преку ѕидот.

26 А кога дојде во Ерусалим, се обидуваше да им се доближи на учениците; но сите се боеја од него, зашто не веруваа дека е ученик.

27 Тогаш Варнава го зеде и го одведе при апостолите и им раскажа како патем Го видел Господа, и дека му зборуваше, и како во Дамаск проповедаше смело во Исусовото Име.