31 И така, црквите по цела Јудеја, Галилеја и Самарија беа во мир; се изградуваа и одеа во Господовиот страв и со утехата на Светиот Дух, се намножуваа.
32 А кога Петар ги обиколуваше сите, дојде и при светите, кои живееја во Лида.
33 Таму најде еден човек, по име Енеј, кој лежеше осум години парализиран на постела.
34 И Петар му рече: „Енеј, Исус Христос те исцелува; стани и направи си го леглото!” И тој стана веднаш.
35 И го видоа сите жители во Лида и во Сарон, и се обрнаа кон Господа.
36 А во Јопија беше една ученичка по име Тавита, што преведено на елински значи Срна. Таа беше полна со добри дела и милостини, што ги правеше.
37 Во оние денови се разболе и умре; ја искапија и ја ставија во горната соба.